Одржан третиот бал на Модниот институт за технологија во Њујорк

11 јуни 2014

Линда Фарго и Албер Елбаз Линда Фарго и Албер Елбаз

Дека Њујорк е ѕвезден град каде модата пулсира со сиот свој сјај, а граѓаните го живеат животот со полни гради, потврди и вчерашниот бал на Модниот институт за технологија. Оваа година балот се организираше во чест на Џоан Хорниг, дизајнерка на накит чии дизајни ги носат голем број познати ѕвезди на црвениот килим ширум светот.

Каролина Херера Каролина Херера

Џоан Хорниг Џоан Хорниг

Диана фон Фурстенберг Диана фон Фурстенберг

Џоан Хорниг не е позната само по ремек делата од накит што ги создава, туку и како активист во добротворната работа.  Низ ѕвездената толпа можевме да ги видиме Албер Елбаз, Диана фон Фурстенберг, Каролина Херера, но исто така и Линда Фарго која е потпретседател на луксузната стоковна куќа Бергдорф Гудман и голем број други славни личности.

 

Објавено:
11 јуни 2014
Категорија: 
Сцена