Каролина Херера ќе добие почесна награда за уметност во модата

29 април 2014

Иако септември изгледа доволно далеку, Советот за Висока мода на Музејот при Модниот институт за технологија во Њујорк, објави дека оваа година традиционалниот есенски ручек ќе го организираат во чест на дизајнерката Каролина Херера.

Чест да ја добијат почесната награда за уметност во модата претходните години имаа дизајнери како Мајкл Корс, Карл Лагерфелд, Албер Елбаз и Ралф Ручи.

„Секоја жена во Њујорк сака да биде Каролина Херера. Таа креираше еден посебен и магичен свет во нејзиниот дом, во нејзиното ателје и во нејзините продавници ширум светот и истиот го доведе до перфекција. Како филантроп, таа е една од лидерите во модата кои што никогаш нема да ви кажат не“, изјави претседалот на Советот Јаз Хернандез.

Овогодинешните претседавачи на традиционалниот есенски ручек на Советот за Висока мода се Џули Меклоу и Елизабет Мусмано.

Токму по овој повод, на чело со Елизабет Мусмано и во друштво на еминентни дами од светот на модата, бутикот на Каролина Херера на Медисон Авенијата беше местото каде овој понеделник се разговараше за висока мода.

Неколку модели на присутните дами им презентираа прекрасни креации од атељето на дизајнерката, а истите можете да ги видите во продолжение и уште еднаш да се уверите зошто токму Каролина Херера е почесната добитничка на наградата оваа година.

Објавено:
29 април 2014
Категорија: 
Актуел