Џон Галијано: Јас сум креативец и тоа никој не може да ми го одземе

13 јуни 2014

Во интервју за француска публикација, Џон Галијано изјави дека тоа што се случило во париското кафуле La Perle било одбранбен механизам –„Повторив реченица која ја знаев како тинејџер. Во тој период бев постојано под влијание на алкохол и дрога. На 24 февруари во 2011 година веќе не бев присебен. Го кажав најодвратното нешто“.

Кога бил запрашан дали смета дека бил казнет и повеќе од потребното, дизајнерот одговорил – „Изгубив, но исто така и добив многу. Јас сум креативец и тоа никој не може да ми го одземе. Ми кажаа дека сум извршил професионално самоубиство, но на тој начин се тргнав од неподносливиот притисок со кој секојдневно се соочував“.

Ова е втор пат Галијано да се исповеда по телевизиското интервју во 2013 година со Чарли Роуз, во кое тој побара да му биде дадена втора шанса. Откако не успеа да постигне договор со Оскар де ла Рента за да биде дел од неговиот тим, дизајнерот стана креативен директор на руската компанија  L'Etoile.

Објавено:
13 јуни 2014
Категорија: 
Актуел