Ова парче одлично се комбинира за постигнување на кежуал изглед, а тоа беше и обидот на две познати дами, па вие сами одлучете која од нив има постигнато подобар монохроматски стајлинг.

Прва во оваа маица се појави Линзи Лохан за време на нејзиното патување во Лондон. Маицата со апликацијата Parental Advisory актерката ја комбинираше со црни панталони, широки на горниот дел, црни салонки со панделки на предниот дел и Реј Бан очила за сонце.

Од друга страна, пејачката Лили Ален на отворањето на изложбата The Glamour of Italian Fashion exhibition во Викторија и Алберт музејот во Лондон, се појави во маицата од Александар Ванг, а изгледот го надополни со црни тесни фармерки превиткани на долниот дел и кратки црни чизми. За крај, на себе имаше наметнато кожена јакна.

Според вас, која од нив подобро ја има искомбинирано маицата од Александар Ванг?

Објавено:
17 јуни 2014
Категорија: 
Стилски двобој