Дознајте нешто повеќе за големите свадбени прослави во Бразил

28 јуни 2014

Сите очи моментално се свртени кон СП во фудбал во Бразил, водени по тоа се инспириравме да истражиме нешто повеќе во врска со традицијата и начинот на кој се слават венчавките во Бразил. Свадбите во оваа егзотична земја се пред се многу големи во однос на гостите. За нив илјада присутни гости е сосема нормална бројка, па оттука тој број може да биде и уште поголем.

 

По завршувањето на церемонијата, гласниот фокус го имаат забавите кои се специјални и екстравагантни. Бразилците воопшто не се штедат за големиот ден, а речиси секогаш ангажираат танчари кои придонесуваат за уште позабавен пристап кон славењето на бракот.

 

Мегаломанските бразилски свадби траат се додека не се раздени, а сите гости мора да седат до самиот крај и во никој случај не може да си отидат дома. А кога ќе дојде моментот на забавата да и се каже крајот, секој гостин мора да го земе минијатурното подароче наречено „bem casado“ за кое се верува дека ќе им носи среќа на младенците.

 

Друг интересен момент е што на сите гости им се делат римјанки, нормално за да можат да издржат да играат цела ноќ. Уште една специјалност од бразилските свадби е бајковитата декорација која е најчестиот избор. Многу внимание се посветува на цвеќето и свеќите, а повеќето од младенците се одлучуваат за бајковита декорација.

 

Според бразилската дизајнерка на венчаници, Патриција Боналди, Бразилките преферираат венчаници од тантела од такви во традиционални кроеви, па се до сексапилни модели.

Девериците на бразилската венчавка никогаш не носат слични фустани, туку напротив различни што  ја отсликуваат нивната личност и карактер,а со тоа на некој начин ја слават и различноста кај секој поединец.

Објавено:
28 јуни 2014
Категорија: 
Бела соба