Џулија Рестоaн Ројтфелд ќе креира облека за трудници

28 јуни 2014

Џулија Рестоaн Ројтфелд, не е непознато лице во модниот свет: зад неа стои долгогодишно искуство како модел и дизајнер. Она што е ново кај неа е дека планира да лансира свој сопствен бренд за облека наменета за бремени жени.

la-modella-mafia-Julia-Restoin-Roitfeld-x-i-D-Summer-2012-photographed-by-Mario-Sorrenti-styled-by-Carine-Roitfeld-21

„Работата од моите соништа – да создавам облека за трудници, а можеби и долна облека за нив. Од сопствено искуство морам да кажам дека едноставно беше невозможно да најдам убава и соодветна долна облека,  а токму долната облека е една од тие работи кои ви ја зајакнуваат довербата во период кога вашето тело доживува толку драматични промени“, изјави Ројтфелд.

Веруваме дека оваа преубава Французинка - ќерка на поранешната уредничка на француски Vogue, Карин Ројтфелд, ќе создаде волшебна колекција во која ќе уживаат сите трудници, а дефинитивно и таа самата.

Објавено:
28 јуни 2014
Категорија: 
Сцена