Џулија Рестоан Ројтфелд е новото лице на Alexander Arne
•
3 февруари 2014
Познатиот француски модел, дизајнерка и ќерка на легендарната Карин Ројтфелд, Џулија Рестоан Ројтфелд, стана заштитно лице на новата рекламна кампања за накит на куќата Alexander Arne.
Автор на фотографиите е внукот на култниот фотограф Ричард Аведон, Мајкл Аведон. Фотосесијата се снимаше во Њујорк, а целата кампањае во црно-бела варијанта по желба на фотографот, на кој всушност ова му е и омилена техника.
Џулија на фотографиите го носи луксузниот накит кој е синоним за сензуална, успешна и елегантна жена.