Никол Кидман ново заштитно лице на Џими Чу

15 мај 2013

Холивудската актерка Никол Кидман ќе биде новото заштитно лице на луксузниот бренд за чевли и аксесоари Џими Чу.

Таа ќе се појави во новата рекламна кампања на брендот за следната сезона есен-зима.

“Од секогаш сум била љубител на модата и ја користам како начин да се трансформирам во различни карактери. Ме радува тоа што ќе соработувам со едно ексклузивно име како што е Џими Чу кое истовремено крие многу мистика, но и ја нагласува женственоста” изјавила Кидман за соработката со брендот.

Фотографиите за кампањата на кои се потпишува фотографот Михаел Џејсон ќе бидат објавени во август.

Објавено:
15 мај 2013
Категорија: 
Актуел