Никол Кидман помлада за 30 години во новата кампања на Џими Чу

1 април 2014

Никол Кидман по трет пат е заштитно лице на пред – есенската кампања за 2014 на единствениот Џими Чу, но овојпат без панталони!

Иако мора да признаеме дека актерката изгледа прекрасно во белото долго палто, она што не може, а да не се забележи, е дека таа изгледа 30 години помладо, за што многумина уште еднаш го обвинуваат прекумерниот фотошоп во кампањите.

Веднаш откако беше објавена првата фотографија од кампањата, многу критичари од модниот свет посочија дека тоа всушност не е Никол, туку некоја слаба манекенка со долги нозе во кусо бело палто.

Иако нема сомневање дека 46 – годишната мајка на четири деца изгледа прекрасно и годините не и можат ништо, сепак, многумина го обвинуваат Чу дека „фотографијата е олицетворение на некоја млада манекенка од компјутерот на графичкиот тим на брендот“.

Кидман ги побива сите овие изјави со тоа што вели дека таа лично застанала пред камерата и ги снимила фотографиите од кампањата.

„Всушност, многу ми се допадна целото снимање и тоа што работев со одличниот фотограф Вили, тој ми даде многу добри насоки, беше како на филмски сет“, вели Кидман.

Таа додава и дека многу и се допаднало тоа што тимот на Џими Чу овојпат решил да ја прикаже во поинакво, бунтовничко светло.

Како ви се допаѓа вас?

Објавено:
1 април 2014
Категорија: 
Актуел