Никол Кидман секси по трет пат во кампања на Џими Чу

10 јануари 2014

Прекрасната актерка Никол Кидман го покажа сиот свој сексапил во последната кампања на модниот магнат Џими Чу.

Талентираната 46 – годишна Никол изгледа неверојатно секси на неколкуте фотографии што ги направи за брендот, презентирајќи неверојатно модерни чанти и чевли за претстојната сезона пролет/лето 2014.

Ослободувањето на природата е инспирацијата за оваа колекција на брендот, а во рамки на тоа, актерката е фотографирана во урбана џунгла со акцент на неонските и интензивни бои на парчињата од колекцијата.

„Навистина уживав додека ја работевме оваа кампања, фотографот е многу креативен, a мене ми беше исклучително забавно да снимам во такво окружение. Ми се допадна фактот што чевлите и чантите беа во фокусот и се чувствував како тие да се мојата втора кожа“, вели актерката.

Објавено:
10 јануари 2014
Категорија: 
Сцена