Никол Кидман заводлива хероина во новата кампања на Џими Чу за есен-зима 2013/14

2 јули 2013

Џими Чу ја претстави својата нова колекција за претстојната сезона есен-зима 2013/14, а во главна улога е холивудската дива Никол Кидман која изгледа како заводлива хероина. Фотосесијата ја изработи познатиот моден фотограф Микаел Џенсон. Оскаровката во улогата на „femme fatale“, со црвена перика позира во амбиент на многу магла,  шик мебел, класичен автомобил. Со многу драматичност и секси вибрации, обоени во ретро стил Никол на моќен начин ја раскажа оваа приказна.

 

„Јас навистина уживав да ја играм улогата на секси и силна жена која има се под контрола. Едноставно остварив силна врска со фотографот кој има силна интуиција, тој знае како размислувам и што чувствувам и знае како да го долови тоа со неговата камера“, изјави актерката.

 

 

46-годишната Австралијка, која претходно се појави во кампањи за Chanel No.5 и Omega часовници го заврши снимањето на својот најнов филм "Grace of Monako", каде ја толкува улогата на легендарната Грејс Кели, а филмот кој ќе имаме чест да го видиме во кината наредната година.

 

 

Објавено:
2 јули 2013
Категорија: 
Актуел