Гластонбери е летен фестивал кој важи за една од најпопуларните туристички атракции. Фестивалот кој што ја соединува модата и музиката, традиционално и оваа година се одржа во близина на селото Пилтон во Англија и траеше од 25-ти до 29-ти јуни. Во изминативе пет дена 175.000 луѓе пулсираа во ритамот на музичките ноти и модните рапсодии на фестивалот. Како и секоја година така и оваа најголемото внимание беше свртено кон ѕвездите кои секоја година се дел од оваа манифестација.

Но, што се случува кога еуфоријата и забавата ќе завршат?

Нормално, чистење. Од денеска официјално почнува расчистувањето на теренот каде изминатиов период „живееше“ Гластонбери 2014. Камперите  денеска го напуштаат теренот, а специјалните еколошки тимови и групи имаат една недела да го расчистат имотот.

Ѓубре има насекаде, од лименки, до цигари, храна, ќеси... одговорните велат дека ќе им бидат потребни шест недели за да вратат се во нормала. Во продолжение погледнете ги фотографиите и оценете сами дали мисијата на расчистување ќе биде успешна.

Објавено:
2 јули 2014
Категорија: 
Фото галерија