Машките модни недели не се само за мажи

2 јули 2014

Многупати до сега сме имале можност да видиме дека машките и женските модни ревии никогаш не биле строго одделени едни од други. Изминатиов период беа актуелни машките модни шоуа  на кои модните дизајнери ги промовираа машките тенденции за наредната пролет-лето 2014/15 година. Како во Милано, така и во Париз се чини дека машките модни перформанси не можат да поминат без женско засилување.

Миуча Прада Миуча Прада

Дискусијата околу „здружувањето“ на машките и женските модни ревии оваа година ја покрена модната дизајнерка Миуча Прада, која во рамките на машката модна недела во Милано ги откри трендовите кои според нејзиниот креативен тим ќе бидат популарни наредната жешка сезона и нормално ги „зачини“ со женски силуети.

„Мислам дека ваквиот начин на промоција е многу модерен и инвентивен бидејќи е поинаков. Не знам зошто не сакате да го прифатите ова, се чини дека некои од нас сè уште се заглавени во времето на нашите дедовци и баби кои дури и во училница седеле одделно“, рече дизјнерката.

Прада Прада

Последниот настап на Прада, за време на машката модна недела во Милано беше навистина оригинален. На подиумот дефилираа мажи и жени кои со неверојатна софистицираност ја презентираа новата колекција, која е целосно олицетворение  на духот од 70-тите.

„Мене воопшто не ми се допаѓа зборот ресорт и тоа е една од причините зошто сакам заедничко шоу. Сметам дека е многу природно мажите и жените да настапуваат заедно на подиумот. Така е помодерно“, додаде Прада.

Можеби нејзиното константно залагање за заедништво на мажите и жените на писта, вроди со плод, ако го земеме во предвид фактот дека на париската модна недела за мажи, која се одржа веднаш по миланската, модните куќи Живанши, Сен Лоран и Карвен тргнаа по нејзините стапки, па своите модни приказни ги збогатија со женски појави.

Живанши Живанши

Рикардо Тиши креативниот директор на модната куќа Живанши на последната модна недела во Париз презентираше револуционерни модели и машки дизајни кои дефинитивно ќе бидат хит наредната топла сезона. Атмосферата дополнително ја загреаја Адриана Лима и Кендис Свенпул кои ги „покорија“ мажите кога продефилираа на пистата. Сите очи беа свртени кој овие две дами облечени во чизми цветен краток припиен фустан и макси транспарентна кошула. Тоа докажа дека Тиши е професионалец и дека не се плаши да експериментира во поглед на спојот на машки и женски дизајни.

Сен Лоран Сен Лоран

Следен кои и се придружи на групата е Сен Лоран. Хеди Слиман реши да им се врати на добрите „стари“ 60-ти и неговото шоу на париската модна недела за мажи ги следеше модните вибрации на кревките херои и хероини кои беа во улога на бохо хипици кои тргнале да одат на летен фестивал.

Карвен Карвен

Модниот бренд Карвен исто така не можеше да остане рамнодушен на спојот помеѓу машките и женските модели, па затоа реши на своите херои да им најде и хероини. Роматично-бунтовната модна приказна која ја промовираше Гилем Хенри на машката модна недела во Париз предизвика особени овации кога на пистата излегоа девојките кои носеа едноставен крој на кратки фустани во монохроматски нијанси и минималистички геометриски принтови.

Џорџо Армани Џорџо Армани

Во неколку наврати, дури и големиот моден крал Армани кој го негува концептот на дефилирање по два модели на писта, во неколку наврати претходно, на неколку свои модни презентации без разлика дали станува збор за машки или женски модни недели знаел да направи машко-женски пар кој секако бил поздравен со овации и аплаузи.

Промените се битен сегмент во развојот на една гранка, а особено доколку станува збор за уметноста. Модата е жива материја која постојано доживува трансформации и самата кога ќе се презасити бара промени и истражува нови извори за нови креативни фантазии. Без разлика дали станува збор за новина, маркетиншки трик, потреба, промена, издвојување  од толпата, факт е дека спојувањето на машките и женските модели во една единствена ревија е нешто кое допрва како идеја и како насока ќе го развива модниот свет.

 

 

Објавено:
2 јули 2014
Категорија: 
Стории