Исклучителна кампања: Сега и вие може да бидете заштитно лице на Елена Лука

4 јули 2014

„ Биди и Ти Елена Лука лице“  е насловот на најновата кампања на реномираната модна куќа Елена Лука.  Станува збор за проект кој веројатно ќе заинтригира многу девојки што отсекогаш посакувале да бидат пред  фото објективите во улога на модел. Елена Лука им нуди можност на сите кои ќе ги исполнат критериумите што се потребни, а од нив не е пресудно да имате манекенско искуство.  Тоа што  тимот од  модната куќа верува дека во Македонија има навистина многу убави девојки чија убавина заслужува ангажман, е доказ токму овој исклучително уникатен проект. Сигурно ве интересира кои се критериумите што треба да ги исполнувате, а гласат вака:

-Потребнa висина ↑ 172 cm.

-Важно! На фотографиите треба да сте: без шминка, во анфас(со и без насмевка), профил и Ваша целосна  фотографија.

face-elena-luka

-Право на учество имаат сите девојки кои се гледаат себе како заштитно лице на Елена Лука.

-По испратениот мејл, Вие ќе добиете повратна информација и  инструкции за двата кастинзи кои ќе се одржат на 8-ми и 9-ти(вторник и среда) јули од 17 часот во изложбениот салон на Елена Лука во трговскиот центар  Сити Мол во Скопје.

-Возраст од 16-28 години

-Испратите слики на следниов мејл casting@elenaluka.mk

Среќно!

Објавено:
4 јули 2014
Категорија: 
Актуел