Откриена е првата фотографија од новиот проект на Стивен Клејн
•
22 јули 2014
Дизајнерот Ели Тахари ќе ја прослави 40 годишнината од својата работа со лансирање на рекламна кампања за есенската колекција со наслов „The Perfect Storm“. За фотографиите е заслужен Стивен Клејн , а како заштитно лице во кампањата се појавува манекенката Хилари Рхода и тоа во четири драматични временски сцени – со бранови, молња, темни облаци и црвено небо.
Целата фотосесија ќе биде објавена на 11 август на многу иновативен начин, односно на Weather Channel. „Кампањата ќе биде вистинска совршена бура, а можноста да соработувам со Стивен Клејн е дефинитивно еден од убавите моменти во мојата кариера“ – изјави Тахари.