Инспиративни летни тетоважи

26 јули 2014

Доколку сакате да испробате како би ви стоело да имате тетоважа, а со цел да не зажалите подоцна што ќе ја носите цел живот, ние ќе ви понудиме решение кое е апсолутен хит ова лето. Новиот тренд на налепници во златна и сребрена нијанса буквално ги освои трендсетерките ширум светот.

Овие тетоважи трат од 4 до 6 дена и се достапни по цена од 22 долари. Доколку се одлучите за ваков експеримент, ве советуваме на налепниците да не ставате крема за сончање. Интересен тренд за уживање во престојната летна сезона!

Објавено:
26 јули 2014
Категорија: 
Убавина