Што се крие во чантата за плажа на Ирина Шајк

1 август 2014

Руската синоока убавица е беспрекорно совршенство и сон на многу мажи во светот. „Разочарувачки“  вести за мажите, таа е веќе некое време во врска со фудбалерот Кристијано Роналдо. Одлични вести за дамите, таа откри кои се нејзините тајни состојки кои ја прават да изгледа неодоливо привлечна на плажа.

28 годишниот модел вели дека омилен пар на бикини и се црните класични модели. Сепак кога оди на плажа во нејзината торба става и уште еден костим за капење резерва, бидејќи како што вели и самата никогаш не се знае.  Ирина открива дека на кожата на телото става крема со фактор 50, а на лицето специјална со фактор 70, бидејќи не сака да има бори кога ќе наполни 35 години. Големите очила за сонце од брендот на Селин и се омилен модел кога оди на плажа. Сепак во нејзината торба има и балсам за усни, огледало и спреј со заштитен фактор за коса.

Вака изгледа женското царство кое се крие во торбата за плажа на топ моделот Ирина Шајк. И покрај тоа што е убава и славна, се чини дека таа е „обична“ девојка која ужива во животот.

 

Објавено:
1 август 2014
Категорија: 
Сцена