Викторија Бекам продава 600 парчиња облека

5 август 2014

2013 International Woolmark Prize Final - Photocall & Judging

Ова утро Викторија Бекам објави дека 600 парчиња од нејзиниот гардеробер ќе бидат дадени на продажба на Net a Porter сајтот, а сите собрани средства ќе одат во хуманитарни цели, односно за здружението mothers2mothers. Со парите ќе се помогне за елиминирањето на преносот на ХИВ вирусот и Сида од мајка на нероденото дете.

Овој напор што го вложува гинекологот Мич Бесер, инаку сопруг на Ени Ленокс, е поддржан од многу модни имиња, од Ана Винтур до Стела Мекартни.

-Многу бев трогната од луѓето што ги запознав. Никогаш порано не сум сретнала толку силни жени. Работата што тие ја работат и за која цел се борат е навистина исклучителна - вели Бекам.

bekam

Инаку, ова не е првпат Викторија да се вклучи во вакви акции. Претходно годинава, Ени ја повика дизајнерката да помине одредено време со неа во Јужна Африка, со некоја од мајките кои се ХИВ позитивни.

Објавено:
5 август 2014
Категорија: 
Актуел