Пет начини како да ја исправите косата без преса

6 август 2014

Предноста во овие третмани е тоа што може да ги изведете во домашни услови, а покрај посакуваниот резултат, ќе имате здрава и негувана коса.

Топло масло

За овој третман ќе ви бидат потребни кокосово и маслиново масло. Помешајте ги и нанесете ги на сува коса која потоа ќе ја замотате во топла крпа. Косата измијте ја по 45 минути, а доколку немате маслиново масло, може да го замените со бадемово.

Мед и млеко

Може да користите само млеко или да направите комбинација на млеко и мед. Доколку се одлучите за првата комбинација, во шише за спреј ставете го млекото, па потоа напрскајте на косата која треба да ја измиете по триесетина минути. Доколку се одлучите за втората комбинација на мешавина од мед и млеко, најдобро ќе биде доколку додадете пасирани јагоди или банана. Нанесете ја смесата на косата и измијте ја по 90 минути.

Јаболков оцет

Една лажица јаболков оцет измешајте ја со чаша вода, ставете ја мешавината во шише спреј и нанесете ја на мокра коса. Оставете да делува неколку минути, па измијте ја косата.

Маслиново масло и јајца

Маслиновото масло е делотворно како во исхраната, така и во однос на препаратите за убавина. За овој третман неопходно е да измешате две јајца со маслиново масло, да ги нанесете на косата и по еден час да ја измиете косата.

Лимон и кокос

Ова е уште еден третман кој ќе придонесе за исправување на вашата коса. Изрендајте го кокосот и ставете вода со цел да го одвоите млекото. Потоа ставете лимонов сок и смесата ставете ја во фрижидер. Кремастиот слој кој ќе се создаде на врвот од смесата, нанесете го на косата и завиткајте ја во топла крпа.  Косата измијте ја еден час подоцна.

Објавено:
6 август 2014
Категорија: 
Убавина