Летна нега: Не заборавајте ги стапалата!

11 јуни 2015

final-960x500-feet-beach1

Летната сезона е во тек, а веруваме дека повеќето од вас веќе ги извадија омилените сандали. Сите внимаваме на летната нега на телото и лицето, но никако не требаме да ги забораваме петите и стапалата. Не само од естетски, туку и здравствени причини.

-Кога ќе се вратите дома по напорниот ден и ќе ги соблечете обувките, што побрзо можете измијте ги стапалата, за да ја оттргнете потта. Потоа, обврзно избришете ги со крпа, не ги оставајте да се сушат сами, бидејќи влажноста предизвикува појава на габични инфекции.

-Никогаш не го заборавајте просторот меѓу прстите.

-И на стапалата им е потребен пилинг и хидратација. Токму затоа во продолжение ви даваме неколку лесни и брзи рецепти со кои во домашни услови ќе им ја овозможите потребната нега. Се' што треба е да одвоите малку време за себе:

00_footcare1

Купка за стапала на база на млеко

-Млекото е исклучително хранливо за кожата, омекнува и хидрира. Млечните киселини ќе овозможат да добиете и благ хемиски пилинг. Потребни ви се седум шолји (за кафе вода) и две шолји млеко.

Подготовка: Помешајте го млекото и водата и загрејте ја мешавината. Треба да биде што потопла, секако во граници во кои можете да издржите. Потоа, истурете ја топлата течност во леген и потопете ги стапалата 10-тина минути. На крајот, измијте ги со млака вода и избришете се со сува крпа.

nova

Пилинг за стапала на база на шеќер

-Шеќерот ќе ви помогне да ја тргнете групата кожа и мртвите ќелии. Потребно ви е пола шолја (за кафе) кристален шеќер и две лажици лосион или млеко за тело.

Подготовка: Помешајте ги шеќерот и лосионот во подлабок сад, па со нив измасирајте ги и истријте ги стапалата. Посебно внимание посветете на триењето пети на места каде што кожата е група.На крај, измијте ги со млака вода и избришете ги со сува крпа.

exfoliate_0

Хранлива маска за стапала на база на авокадо

-Маската е исто така важна за негата на стапалата. Таа ќе обезбеди хранливост и хидратација на кожата на најдиректрен начин. Потребно ќе ви биде едно авокадо, две лажици мед, 1 лажица маслиново масло, две лажици јогурт, 10 капки есенцијално масло од сандаловина.

Подготовка: Помешајте ги сите состојки, испасирајте ги во блендер, па смесата нанесете ја на стапалата. Одозгора ставете пластична кеса и завиткајте ги стапалата со крпа, за да се загрее маската. После некое време, одвиткајте ги и оставете ги стапалата така 15-тина минути до половина час. На крајот, измијте ги со млака вода и избришете со чиста крпа.

avocado-mask

 

Објавено:
11 јуни 2015
Категорија: 
Убавина