Омилените фризури во ново руво

9 август 2014

Еден од најчестите проблеми со кои се соочува секоја дама е изборот на облека и фризура секое утро додека се спрема за заминување на работа. Додека уживате во пиењето на утринското кафе, сигурно последно нешто на кое размислувате е правење на некоја нова фризура, па стандардно ја врзувате косата во опавче. Тоа не е погрешно. Напротив опавчето е практично за летниот период, но ние ќе ве советуваме дополнително да го збогатите изгледот со лента за коса, да ставите помали стегачи за коса по должината на опавчето, тенки плетенки или едноставно да ставите впечатливи шноли.

Со овие фризури правиме камбек на трендовите кои беа актуелни во 60-тите и 70-ти години на минатиот век, но во поинакво ново и модерно руво. Погледнете ги фотографиите и инспирирајте се!

Објавено:
9 август 2014
Категорија: 
Убавина