Лесни и впечатливи фризури за новогодишната ноќ

21 декември 2016

Започна одбројувањето до Новата година. Уште 10-тина дена ни останаа од 2016 година, кои веројатно ќе ви бидат во знакот на збогување со старите навики, но и осмислувањето на изгледот за новогодишната прослава.

Досега пишувавме за тоа кои се актуелните трендови, дававме предлози за тоа што можете да облечете, а денешниот текст го посветуваме на фризурите.

Во продолжение погледнете четири предлози и одберете го оној што најмногу ќе одговара на вашата коса и личност:

Високо и испрекинато коњско опавче

Најдобро е да го направите на претходно навиткана коса. Пред да ја исушите, ставете пена за коса за волумен и цврстина, бидејќи тоа е од исклучителна важност. Кога ќе ги завршите подготвките, ставете лак за коса за волумент на целото опавче. Врзете го високо, а потоа додавајте ластичиња по неговата должина. Би било пожелно ластичињата да се во боја блиска до бојата на вашата коса. Секој сегмент потоа раздвојте го и направете волумент. Не мора да биде совршено. Важно е секој дел да биде приближно ист. На крајот уште еднаш додадете лак. Со ваква фризура одлично одат долги или т.н. „висечки“ обетки.

 

Мазна пунџа

Фризура за оние што сакаат елеганција. За да го постигнете мазниот и сјајен ефект, наместо светки, можете да ставите омекнувачко масло за коса со свилен сјај. Наместо класична пунџа, долниот заден дел направете го од „превртени“ опавчења. Поделете ја косата на патец и врзете ја во ниско опавче, на секоја страна по едно. Потоа ставете лесна крема за нега, за да го постигнете сјајниот ефект. Потоа виткајте го секое од опавчето во иста насока, доека не стане како спирала, а потоа додадете шноли за да ја задржите формата. Можете да се обидете и со плетенки, но доколку имате многу долга коса, ефектот нема дад биде сосема ист. плетенки. На крајот, напрскајте масло во спреј по целата коса за уште поубав ефект. Одлична фризура за оние со ситно лице, или за оние што сакаат лицето да им биде во преден план. Можете да ставите дискретни, но ефектни обетки, или пак, трендовските впечатливи, изборот е ваш.

 

Полукрената коса

Одлична варијанта доколку имате омбре коса или пак прамени во друга нијанса. За да ја постигнете ќе ви бидат потребни метални шноли, за да бидат забележливи. Треба да постигнете „неуреден“ волумен (но, не да претерате како да сте станале од спиење). Косата мора да биде чиста и со среден волумен. Предниот дел кренете го на начин на кој најдобро ви стои и ставете шноли. Ослободете го челото. Потоа, странично поткренета ја косата по желба и странично, веднаш зад увото, ставете ги металните шноли, три-четири, за да добиете ефект и на впечатлив моден додаток. На крајот, ставете лак или спреј за зацврстување на косата.

 

Диско кадрици

Ако природно ви е ваква косата, тогаш одберете некоја од претходните три фризури, за да го смените изгледот малку. Но, доколку ситуацијата е обратна, тогаш бидете диско кралица на вечерта. Првин, навиткајте ја косата со фигаро или четка. Најдобро е да го правите тоа на мали прамени, за волуменот да е поголем. Потоа, секој навиткан прамен држете го свиткан и зацврстете го со шнола. Откако ќе ја направите целата коса, потоа опуштајте ги еден по еден, и исчешлајте ги со чешел или четка. На крај, додадете спреј или лак за коса што ќе ги држи кадриците цела вечер. Обетките на ваква фризура нема ни да се забележат, па затоа одберете ѓердан или уште подобро чокер.

Објавено:
21 декември 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
4.246 пати
Извор: 
Harper's Bazaar