Пунџи за сите генерации

31 октомври 2013

Класиката не мора да биде досадна.

Интересни идеи кога се во прашање фризурите има многу, а овој пат ви претставуваме три кои можат да ги носат жени од речиси сите генерации. Се работи за пунџа на три начини, а потребно ви е само неколку минути време и еден долг тенок шал или марама.

1.Пунџа нагласена со шал

tri nove pundze01

Овој изглед вклучува и свилен шал или марама за нешто поинаква верзија на балерина пунџата. Исто така потребен ви е и спреј за волумен, чешел за тапирање, ластиче и црни обични шноли.

tri nove pundze02

Главата и косата спуштете ги доле и така „наопаку“ испрскајте ја косата со спреј за волумен. Потоа врзете ја косата во високо опавче. Со чешелот лесно натапирајте ја косата во близина на ластичето. Завиткајте ја косата околу базата за да направите неуредна пунџа. Врвовите прицврстете ги со шнолите. Вртете го шалот додека не стане многу тенок, како јаже. Почнете одзади и обвиткајте ги околу пунџата. Продолжете да го обвиткувате шалот слој преку слој, додека да дојдете до крајот, а потоа одзади зврзете го шалот во јазол и врвовите подвиткајте ги во слоевите.

tri nove pundze03

tri nove pundze04

 

2.Ретро ниска пунџа

tri nove pundze05

Оваа убава и романтична фризура е совршена и за секојдневни, но и за свечани пригоди. Потребни ви се спреј за волумен, чешел за тапирање и шноли.

tri nove pundze06

Косата попрскајте ја косата со лак за волумен и благо натапирајте ја по целата должина, малку колку да добиете на волумен. Косата разделете ја на страна или по средина. Потоа од едната страна, почнувајќи над увото, почнете да ја завртувате косата на тој дел кон навнатре и постепено земајте ги праменовите, за ништо да не штрчи. Целта е да го добиете изгледот како од сликата. Прцврстете со шноли и истото повторете го на другата страна од главата.

tri nove pundze07

Остатокот од косата кренете го од вратот како кога сакате да фатите репче. И тој дел од косата свиткајте го кон навнатре почнувајќи од врвот на косата и вртете додека не дојдете до крајот, па потоа прицврстете со шноли.

3. Пунџа со тенка плетенка

tri nove pundze08

За оваа фризура потребни ви се ластичиња за коса, чешел за тапирање и шноли.

Косата поделете ја на страна, а потоа соберете ја и врзете ја во опвче ниско. Опавчето поделете го на поширок горен дел и потенок долен дел. (Во потенкиот дел потребно ви е онолку коса колку што ви е потребно да направите две многу тенки плетенки). Лесно натапирајте го горниот дел, за пунџата да има мек волумен. Останатиот тенок дел, поделете го на два дела и исплетете две тенки плетенки. Сврзете ги со мали ластичиња. Обвиткајте ги плетенките околу пунџата а врвовите сокријте ги под пунџата со шноли.

tri nove pundze09

tri nove pundze10

Објавено:
31 октомври 2013
Категорија: 
Убавина