Софија Копола станува моден фотограф

12 август 2014

sofia-coppola-dolce-and-gabbana-vogue-italia-february-2014-steven-meisel

Софија Копола има силни модни врски. Луј Витон креираше и именуваше чанта по неа, а Марк Џејкобс е еден од нејзините блиски пријатели. Исто така, нејзиниот стил често предизвикува воодушевување кај модните уредници и блогерите. Сега, режисерката реши да се впушти во нова авантура, во светот на модната фотографија.

Копола неодамна го сликаше лукбукот на Clader за есен-зима 2014. Ова е моден бренд, основан од нејзината роднина Аманда Блејк, а фотосесијата се одвиваше во стан во Њујорк. Стилот што го презентира брендот е сличен на оној на Софија, со фокус на едноставни парчиња изработени од природни материјали.

sofia-coppola-calder_590_590_90

hbz-article-lead-sm

calder-sofia-coppola

Објавено:
12 август 2014
Категорија: 
Актуел