Какви нијанси шминка одговараат на вашиот тен во лето?

13 август 2014

Се вративте од одмор со видно потемнет тен и се прашувате кои тонови ви прилегаат кога се работи за шминкањето. Ние имаме неколку предлози за вас. Првенствено треба да бидете мошне внимателни во селекцијата на нијанси кои му прилегаат на тенот кој сте го добиле. Изборот треба да се направи мудро, но ако се брзате и немате време за размислување, секогаш можете да се потпрете на неутралните бои, кои ќе го истакнат тенот и природната убавина. Секако, не сите девојки и жени го изложуваат лицето на сонце, зашто имаат имаат посветол тен, но тоа не значи дека тие треба да ги  избегнуваат бронзените нијанси туку да ги нанесуваат сразмерно.

Ако имате светла кожа како на Ема Стоун или Џенифер Лоренс тогаш во нијој случај не треба да помислите да нанесувате темни бронзери кои ќе постигнат ефект како лицето да ви е портокалово и валкано. Косистете најсветли бронзени тонови, како што е во случајот од фотографијата,  каде е Џенифер Лоренс на јаболчниците има нежно бронзено руменило. Ако не сте се исончале многу, тогаш како сенки што одлично ќе се вклопат во вашиот изглед се оние со розовите тонови. Ќе ја нагласат вашата нежна и слатка страна, а во комбинација со поинтензивни бои ќе се создаде интензитет на вистинска жена мачка.

 

 

Ако вашиот тен на кожата е потемен од вообичаеното, бидејќи не сте претерале со сончањето, тогаш изберете ги сините или смарагдно зелените тонови на сенки за очи. Овие бои ќе направат да зрачите. Контрастот на синото со бронзениот тен ќе биде совршен спој кој ќе го нагласи вашиот егзотичен дух и посебност.

 

 

 

Доколку тенот ви потемнал нешто слично како оној на Бијонсе или Фрида Пинто, тогаш светските стилисти за шминка советуваат да користите бронзер во крем или стик варијанта. На тој начин правилно ќе го контурирате лицето кое ќе блесне  во спој со контрастни сенки како виолетовата или со поголем дел од палетата на земјени тонови.

 

 

Оние што имаат интензивно потемнет тен треба пак да избегнуваат посветсли нијанси. За вас сега е вистинското време да ги избегнете пудрите и да го одморите лицето. Златните нијанси се исто така одлични кога имате потемен тен на кожата. Ќе добиете свеж изглед и живост на вашата кожа која веќе има бронзен сјај, па во комбинација со златните светки ќе бидете вистинска ѕвездена дива. Постојат и такви нијанси на тонови и бои на сенки кои треба да ги избегнувате во лето кога имате потемнет тен. Тоа се смелите неонски бои и храбри нијанси, со мат финиш, кои создаваат непријатен контраст на вашата кожа и го сокриваат природниот сјај.

Сепак, вие секако знаете што е тоа што најдобро ја истакнува вашата убавина и природен изглед, ние само ви помогнавте во изборот. Уживајте во топлиот летен бран.

 

 

 

051914-fade-to-tan-7-567

 

Објавено:
13 август 2014
Категорија: 
Убавина