...Тогаш само одберете страна. Обетката на едното уво е актуелен светски тренд, кој се практикувал како моден трик и порано.

Наместо класичниот пар обетки, сега многу почесто може да видиме украс во форма на обетка само на едното уво, која пак за сметка на тоа е впечатлива и го фокусира вниманието дури и кога се работи за избор на минималистички стил. Овој тренд во своите последни колекции го промовираа и светските брендови како Луј Витон, Селин, Жан Пол Готје, Изабел Марант...

Од обетките со синџирчиња до таквите украсени со скапоцени камења во флорални форми, обетките на едното уво често ги гледаме и во стилските комбинации на познатите за нивните појавувања на црвениот килим. Меѓу најголемите фанови на овој стил се и Ема Вотсон, Ријана, Кара Делевињ, Карли Клос и други.

Во продолжение нека ве инспирира галеријата со неколку различни варијанти на обетки на едното уво:

 

Објавено:
13 август 2014
Категорија: 
Модни додатоци