Топшоп го освојува кинескиот пазар

14 август 2014

По отворањето на продажен салон во во Хонконг во јуни минатата година, брендот реши да спроведе поагресивна политика, а соработката со овој кинеска онлајн продавница  им изгледа како најдобро решение за спроведување на нивната цел.

„Решивме да случиме договор со Shangpin.com откако ни го демонстрираа нивниот капацитет за работа со модни брендови, како и нивната ефектна маркетинг политика. Бидејќи сакаме да бидеме застапени глобално, претставниците ветуваат освојување на кинескиот пазар, што е всушност дел од нашата цел“ – изјави Грин.

Shangpin.com е основан во 2005 година и има соработка со голем број модни куќи и брендови како што се Ла Перла, Ланвин и Дијан вон Фурстенберг, а исто така имаат пет милиони корисници.

Извршниот директор  Дејвид Зао за новата соработка изјавил – „Во последните две години активно работиме на градење на успешна платформа која на купувачите на едно место ќе им понуди се што им е неопходно. Кинеските купувачи сакаат да експериментираат, а тоа е само доказ дека имаат чувство за градење на индивидуален стил“.

Објавено:
14 август 2014
Категорија: 
Актуел