Шанел отвори поп – ап продажен салон во Лувр

15 август 2014

Во поп – ап продажниот салон може да се најдат модели на часовници кои ги нема на друго место, а ваквата можност ќе трае се до први септември. Декорот во внатрешноста е поврзано со рекламната кампања  „L'Instant Chanel", дело на фотографот Патрик Демаршелер.

Во продажниот салон достапни се култните модели од линијата часовници „Première“, „J12“ и „Mademoiselle“. На петте екрани се емитува црно – бело видео низ кое се прикажува ставот на модната куќа во врска со времето, односно дека сегашноста е момент кој може да влијае на цела вечност.

Објавено:
15 август 2014
Категорија: 
Модни додатоци