Погледнете ја ограничената колекција часовници од Шанел

18 октомври 2013

Часовниците Chanel J12 Moonphase моментно се едни од најпосакуваните на светот, токму поради тоа што истите отворија нови хоризонти во производството на часовници од овој француски бренд.

Моделот Moonphase е апсолутна иновација што официјално беше претставена на саемот за часовници Baselworld 2013. Колекционерите, критичарите и сите останати присутни џетсетери на овој саем, можеа да видат некои од најубавите часовници направени било кога.

Благодарение токму на овој модел, одделот за часовници во Шанел успеа да се издигне на едно ново ниво ниво и да добие голем број на нови клиенти.

Различното кај овие часовници што изгледаат неверојатно шик и модерно, е тоа што истите се надополнети со лунарен календар што овозможува поглед на четири фази на месечината на позадина од ѕвездено небо.

Часовниците се направени од квалитетна керамика и имаат шест различни дизајни. Истите се украсени со дијаманти, а оваа линија часовници има само 12 примероци и достапна е во продавниците на Шанел.

Објавено:
18 октомври 2013
Категорија: 
Модни додатоци