Џеј Зи дизајнира сопствена линија часовници

22 октомври 2013

Новиот работен чекор на раперот Џеј Зи е лансирање на сопствена линија луксузни часовници. Страста која ја има Џеј Зи кон часовниците веќе им е позната на сите обожаватели на неговата работа.

 

Сега тој одлучи својата опсесија да ја претвори во сопствена линија и тоа во соработка со швајцарската куќа Hubolt. Часовниците се изработени во лимитирана верзија од  два вида на модели.

 

Првата е изработена од црна керамика, а ќе ја има во 250 примероци, додека другиот модел е оквирен со 18 каратно злато, изработен во 100 примероци. Веруваме дека меѓу колекционерите на луксузни часовници, овие модели на Џеј Зи и тоа како ќе бидат посакувани.

 

 

Објавено:
22 октомври 2013
Категорија: 
Сцена