Знаете ли што мислат познатите за феминизмот?

18 август 2014

feminism

Феминизмот е тема што секогаш предизвикува внимание. За некои жени, особено ако се познати личности, ова некогаш е многу тешко прашање.

Дел од најсаканите жени и најсамоуверените во шоу бизнисот, го споделија своето мислење за феминизмот, а ние ви го проследуваме во продолжение:

miley

Мајли Сајрус (21): „Се чувствувам како да сум една од најголемите феминистки на светот, затоа што сум подготвена да им кажам  на жените од ништо да не се плашат. Феминистка сум во смила дека се обидувам да ги направам жените посилни. Јас сум гласна и забавна, а не обично убава“, изјави пејачката за Би-Би-Си.

sinead-o-connor-2011-amfar-inspiration-gala-02

Шинејд О' Конор (47): „Не ги сакам зборовите што завршуваат на -ист или -изам. Не размислувам за себе како за феминистка. Не сакам на било кој начин да се етикетирам, па ни така. Исто така, не сум заинтересирана за нешто што би можело да ги исклучи мажите“, изјави таа за „Гардијан“

lanawallpaper-lana-del-rey-31900678-1920-1080

Лана дел Реј (28): „За мене вистинска феминистка е жена што се чувствува доволно слободна да направи што сака“

Flaunt_Beyonce_07

Бијонсе (33): „Зборот феминизам може да биде сфатен екстремно, но за себе можам да кажам дека сум современа феминистка. Верувам во еднаквост, но зошто мораме да избереме кој тип на жена сме, зошто мораме да се етикетираме? Јас сум само жена и сакам што сум жена“, го сподели своето мислење за „Вог“.

salma-hayek-grownups-1093141263

Селма Хаек (47): „Феминизмот значи да си горда што си жена, да имаш љубов, почит, восхитување и верување во нашите силни капацитети. Не мислам дека сме исти, жените и мажите, но не сме ни помалку слаби од мажите и шокантно е тоа дека мажите се повеќе на моќни позиции од нас“, вели актерката.

halle-berry-2008-26966

Хали Бери (47): „Можам да кажам дека сум феминистка во одредени нивоа. Анџела Дејвис е една од моите херои“, изјави оскаровката.

Lady Gaga 2013

Лејди Гага (28): „Не сум феминистка. Ги сакам мажите, ја славам амерканската машка култура - пиво, барови, мускули и автомобили“, открива пејачката.

1401284883_katy-perry-cosmopolitan-zoom

Кети Пери: „Не сум феминистка, но верувам во моќта на жените. Се сакам себе затоа што сум жена, но сакам и мажите затоа што се тоа што се“, изјави Британката за „Билборд“.

Објавено:
18 август 2014
Категорија: 
Сцена