Секогаш инспиративната Деби Хари од култниот бенд од 80-те, Блонди повторно беше мотив овој пат за максимално урбан и колоритен едиторијал за септемвриското издание на Blank Magazine.

Препознатливиот сексапилен стил и панк имиџ на дамата која одлично се носи со своите години, е преадаптиран во една нова современа варијанта во која главен предзнак се колор блок миксовите, капчињата со впечатливи принтови, како и црвениот кармин и задолжителната руса коса.

Новата Деби е моделката Ана Пираинен која го враќа духот на 80-те во палта со нагласени рамена, кожени мото јакни, панталони со хипнотизирачки принтови и чевли кои варираат од женствени, на високи потпетици до момчешки, со рамни платформи.

Објавено:
3 септември 2014
Категорија: 
Фото галерија