Во третата по ред кампања за чанти на реномираниот бренд Луј Витон, прекрасната Мишел Вилјамс не' разнежнува во една пастелна ретро приказна која не' навраќа во секогаш инспиративните 60-ти години.
Ако во претходните кампањи преовладуваа јаки и интензивни бои, сега палетата е смирена на основа на нежни и пастелни тонови. Всушност не само чантите, туку целата рекламна приказна е бајковито претопена во нежни бои и смирени линии.
33-годишната актерка е облечена во топла бела ролка комбинирана со фустан во А крој и чизми над глужд, кои се современа варијанта на модните трендови од средината на минатиот век.
„Континуираната серија соработки со актерката е резултат на нејзината комплетна личност во која истовремено се балансира помеќу моќната и кревката страна на жената“, велат од францускиот бренд за одлуката повторно да ја ангажираат Вилјамс за новата есенска кампања.