Невестата Ешли Симпсон носеше дијадема вредна 750.000 долари

5 септември 2014

Пејачката Ешли Симпсон, имаше вистинска романтична венчавка за која мечтае секоја девојка. Изминатата недела Симпсон го кажа судбоносното „Да“ на својот долгогодишен партнер, актерот Еван Рос.

До олтарот ја испрати нејзиниот петгодишен син Бронкс, а свечената церемонија се одржа во куќата на мајката на нејзиниот сопруг, легендарната пејачка Дајана Рос. Наместо вел, Ешли носеше дијадема вредна 750.000 долари.

На свадбата на 29-годишната пејачка секако присуствуваше и нејзината сестра Џесика која беше дел од девериците. Ешли и нејзините деверици беа единствените кои носеа бели фустани на свадбата. Мајката на нејзиниот сопруг, позната пејачка Дајана Рос на почетокот на свеченоста ги почести младенците пеејќи ја нејзината позната балада „Endless Love“, а ексклузивно за медиумите откри дека венчавката поминала во најдобар можен ред и дека е пресреќна.

Објавено:
5 септември 2014
Категорија: 
Сцена