Илустрации кои го воодушевија модниот свет

5 септември 2014

Џастина Блејкни е креативен и боемски уметник кој со својата извонредна изработка успеа да ги воодушеви и најстрогите модни инсајдери. Односно нејзините ботанички портрети изработени од суво цвеќе го воодушевија модниот свет, а Moda Operandi неодамна ја ангажираше за својата нова кампања.

Новата задача на Џастина беше со новата колекција на накит да изработи портрети на Карл Лагерфелд, Грејс Џонс, Грејс Кодингтон, Твиги и Елизабет Тејлор, а проектот е успешно реализиран и е спој помеѓу природата и скапоцен накит.

 

Објавено:
5 септември 2014
Категорија: 
Култура