На модното шоу со кое брендот Diesel Black Gold неодамна ја промовираше својата пролетно-летна колекција за 2015 година во рамките на NYFW, во делот на аксесоарите акцентот го стави на „паметниот часовник“ Samsung Gear S што е резултат на соработката помеќу модната етикета и технолошкиот гигант Samsung.
Дизајнерскиот тим на Diesel Black Gold креираше часовници во уникатни форми, со различни детали и бои, кои го рефлектираат култниот став на модниот бренд. Дизајнот на часовникот е инспириран од новиот бран музички-рок ѕвезди, а како препознатливи детали кои ја поврзуваат целата линија часовници се металните и кожените елементи.
„Посветени сме на соработката со брендови кои се инспиративни и кои ги поттикнуваат луѓeто да го истражуваат својот стил. Нашата соработка е многу значајна за идните проекти кои ќе ги соединуваат модната и технолошката индустрија на начин на кој ќе покажат како сите технолошки иновации можат да се вклопат во секојдневното живеење“, велат од Samsung.