Миланската модна недела е во тек, а во италијанските медиуми освен известувањата за модниот настан, вниманието го привлече и љубовното писмо што Стефано Габана му го посвети на партнерот Доменико Долче. Иако нивната љубовна врска заврши пред неколку години, изгледа дека тие и понатаму останале блиски.
Писмото го пренесуваме во продолжение:
„Драг Доменико,
Никогаш не ти напишав писмо. Можби затоа што не ни требаа зборови, се разбиравме со поглед. Ова е првпат да ти пишувам и морам да признам дека се чувствувам чудно.
За време на интервју, речениците што ги раменуваме се брзи како пинг понг- јас ќе започнам, а ти ќе завршиш, па се уште не си ја ни започнал мислата, а јас ќе те прекинам, ќе одговорам и ќе го завршам тоа што сакаше да го кажеш.
Се' е поинаку со молив и парче хартија, зборовите течат потешко, имаат поголема важност и засекогаш остануваат единствени, како и ти мене.
Заедно го создадовме „Долче и Габана“, од ништо и со силата на љубовта постигнавме се' што имаме. Потпирајќи се еден н друг, успеавме да надминеме многу потешкотии и предрасуди.
Дури и денес, благодарение на чувството кое не' поврзува и понатаму ќе се соочуваме со среќа и тага кои животот ни ги дава. Ти си моето семејство. Многу години поминаа откако прв пат го слушнав твојот глас, се' се смени и се' остана исто. Љубовта која ја чувствував тогаш само се трасформираше.
Секогаш беше и ќе останеш единствен, како и писмото кое ти го пишувам,
Те сакам,
Стефано“