Ѕвездена сензуалност во бело за новата кампања на Лореал
•
24 септември 2014
Блејк Лавли, Зое Салдана, Џејн Фонда, Ева Лонгорија, Џулиен Мур, Фрида Пинто, Наташа Поли и уште неколку ѕвездени имиња се главните протагонистки од најновата рекламна кампања на францускиот козметички бренд Лореал. Станува збор за промоција на црвениот кармин насловен „PureReds“.
Во оваа гламурозна кампања блескавите дами носат бели креации со потписот на Ели Сааб, а секако како најважен детаљ се сензуалните црвени усни на актерките и манекенките. Линијата кармини „PureReds“ содржи неколку црвени нијанси кои многу наскоро ќе бидат пуштени во официјална продажба.