Конечно ѝ се оствари сонот: Карли Клос е новото заштитно лице на Лореал Париз!

25 септември 2014

На само 22 години, Карли Клос има кариера каква што секоја манекенка може да посака. Таа е една од најбараните модели на пистите, вистинска стилска икона и дел од семејството на Викторија Сикрет.

Последниот успех во нејзината фасцинантна кариера е ангажманот како ново заштитно лице на еден од најуспешните козметички брендови во светот Лореал Париз.

Како што соопштија од брендот, тимот ја избрал прекрасната Карли поради нејзината „неверојатна моќ со која чекори по пистите, уникатната свежина и секогаш одличната енергија“.

„Почнувајќи од тоа како таа чекори по пистата како што тоа не го умее никој друг, па сѐ до уникатниот њујоршки живот во кој ужива или пак нејзината беспрекорна интелигенција, Карли Клос е дефинитивно совршената комбинација на грациозност и скромност зачинети со напорна рабоа што ние ја цениме“, изјавија од брендот веднаш по одлуката таа да биде нивното ново заштитно лице.

Откако беше откриена во 2008 – та година од Teen Vogue, Карли е една од најбараните и најплатените манекенки на денешницата.

„Целиот мој живот го поминав чекајќи да кажам – тоа се случи бидејќи јас вредам. Отсекогаш знаев дека морам да верувам во себе. Никогаш не се откажав. Токму тоа го прави и Лореал. Токму поради тоа, јас сум многу горда што имам можност да му се придружам на овој неверојатно инспирирачки тим“, изјави Карли за време на снимањето на рекламното видео.

Објавено:
25 септември 2014
Категорија: 
Убавина