За WOW на неделата ја избравме Амал Аламудин која викендов стап во брак со актерот Џорџ Клуни во Венеција. Избраничката на Клуни за оваа прилика блесна во креација на Џамбатиста Вали, бел фустан тесен на горниот дел, надоле волуменозен, пократок од напред и подолг во задниот дел, со тантела и цветни апликации кои даваат уникатен ефект. За целосен изглед, Амал изгледот го надополни со салонки и едноставна шминка и фризура.

За LOL на неделата ја избравме Габи Греко која на доделувањето на спортските награди на  Brownlow во Мелбурн се појави во креација која повеќе наликуваше како да оди на забава за Ноќ на вештерките. Иако е само 25 години, сепак обидот за привлекување внимание и успеа, но во тотално негативна конотација и тоа благодарение на пред се смешниот и евтин изглед. За овој настан, таа носеше црн долг фустан, со длабок шлиц и деколте, сребрени сандали на висока платформа, ракавици и впечатлив накит на горниот дел украсен со бисери и синџири.

Објавено:
29 септември 2014
Категорија: 
Без категорија