Огнен Трпески во трката за најдобар дизајн на патиките DC

29 септември 2014

Младиот македонски дизајнер Огнен Трпески што долго време живее и работи во Њу Џерси, се најде во трката за најдобар дизајн на патики на светски познатиот спортски бренд DC.

На конкурсот има голем број пријавени млади графички дизајнери од целиот свет, а според жирито што го врши изборот, Огнен е еден од фаворитите за победа, со оглед на тоа што неговиот дизајн беше посочен како – „исклучително квалитетен“.

За него можете да гласате на следниов линк на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук, денеска заклучно со 20 часот по македонско време.

Победникот на овој конкурс за своето авторско дело ќе добие награда од 10.000 долари, а дизајнот за кој најмногу ќе гласа јавноста 2.000 долари.

Инаку Огнен во 2012 година победи на конкурсот за дизајн за кампањата против глад која се организира на светско ниво, а потоа ја стекна и довербата на многу компании што се одлучија своите производи да ги освежат со практичен и модерен дизајн од младиот Македонец.

Објавено:
29 септември 2014
Категорија: 
Актуел