Мишел Обама блесна со сиот свој сјај на насловната на магазинот Redbook!

8 октомври 2014

Секогаш прекрасната прва дама на САД Мишел Обама, блесна во сиот свој сјај на насловната страница на „Redbook“ во фасцинантен фустан на преклоп од колекцијата на Дијан вон Фурстенберг.

Дел од ноемвриското издание на магазинот е посветен на жените ветерани од САД што некогаш служеле во воените сили и за нивните планови и можности откако ќе им заврши службата.

Целта на ваквото наменско издание на магазинот е да ги олесни проблемите и искушенијата со кои овие жени се соочуваат во транзициониот период помеѓу завршувањето на воената служба и враќањето во цивилниот живот.

Како што и самите жени ќе кажат во изјава за магазинот, веднаш по завршувањето на службата тие се соочуваат со многу проблеми при вработувањето. Тимот на магазинот им овозможи на пет жени – војници кои им служеле на САД подолго време, да се сретнат со првата дама Мишел во Белата куќа каде разговарале токму за овие проблеми.

„Сите ми велат дека не им се потребни моите вештини. Веднаш по завршувањето на средното училиште почнав да работам во војската и дури три пати бев во Авганистан, Кувајт и Ирак на служба. Денеска, откако ја завршив мојата воена кариера, сакам да започнам нова, сакам мојата 5 – годишна ќерка да има иднина со мене“, изјави Соња Вип за магазинот.

Како и секогаш, првата дама на САД ја понуди својата помош и проекти при олеснувањето на процесот на вработување на овие прекрасни и силни дами што изминатите години од својот живот ги поминале служејќи и на својата земја.

Објавено:
8 октомври 2014
Категорија: 
Актуел