И работните униформи со моден предзнак

2 јули 2013

Дизајнерите веќе подолго време креираат работни униформи. Од онаа класичната униформа за во ресторан, па се до елегантниот дрес код на стјуардесите.  Изборот на униформа говори и за професијата за која е наменета, но и за карактерот на тој што ја избира или носи, а секако е дел и од корпоративниот идентитет. Експертите дефинираат цел спектар на психолошки, еволуциски, антрополошки и други објаснувања за значењето на работните униформи.

 

 

Работната облека или униформите  симболизираат доминација, професионалност, уникатност, одделување од општествениот хаос и моќ и секако припадност кон одредена професионална групација. Нејзината функција е пред се практична и етичка, но кога ја потпишува дизајнер таа добива и на естетска вредност. Материјалот од кој е изработена, бојата, текстурата, моделот се физички карактеристики, а контрастот на нијанси, тонови и дизајни ја прави секоја униформа да биде единствена сама по себе, со своја приказна и свој ресор каде што припаѓа.

 

Во продолжение проследете ја галеријата за еволуцијата на униформата во различни професионални сфери:

Објавено:
2 јули 2013
Категорија: 
Стории