Креациите на Оскар де ла Рента секогаш оставаат впечаток, без разлика на тоа дали станува збор за модата при дизајнирање на облека или за дизајнот на ентериерот. Решивме да ви ја претставиме одличната линија за домот на истоимениот бренд, кој е специјализиран за украсување на масата во кујна или трпезарија.

 

 

Колекцијата вклучува сè што ви треба за да дадете сјај и раскош на трпезата. Оскар де ла Рента ги искушува своите клиенти и познавачите на добриот вкус ж креирајќи  колекции на порцелански чинии во сино-бели нијанси, надополнети со мошне интересни салфетки во истиот тон и стаклени чаши со сина линија на работ. Дрвените сетови на чинии се приказна сама по себе, пленат со својата убавина. Приборот за јадење има уникатен дизајн и држачи во необични животински форми кои создаваат неповторлив  амбиент на домашната трпеза. Целата линија е надополнета со личен белег и талентот на дизајнерот, зачинети со доза на екстраваганција. Некои принтови се инспирирани од тоалетите кои тој ги има креирано низ годините. Пример за ова се сет бели чинии со мотиви на бела позадина. Интересно е дека сините послужавници се инспирирани од базенот на дизајнерот кој се наоѓа во неговата куќа на Ибица.

 

 

Објавено:
3 јули 2013
Категорија: 
Модни додатоци