Со потпис од Хајди Клум
•
18 октомври 2014
По долгогодишна соработка, легендарната Ел Мекферсон ја прекина соработката со познатиот бренд за долна облека „Бендон“, а на нејзино место дојде Хајди Клум.
„Многумина сакаат да соработуваат со мене, но јас сакав успешна компанија како што е Бендон. Ел Мекферсон со нив соработуваше 25 години и успеа да изгради цело царство. Покрај популарноста на социјалните мрежи и кампањите за кои работам, се надевам дека луѓето ќе ме подржат во новиот проект“ – изјавила Хајди.
Од друга страна, Мекферсон потврди дека наскоро ќе лансираа три линии за долна облека, „Elle Macpherson Intimates“, „Macpherson Men“ и „The Body“, но сега за сега не ги открива новите бизнис партнери.