Џорџина Чепман и Керен Крег се новите членови на бордот CFDA

20 октомври 2014

Дизајнерското дуо на Маркеса, Џорџина Чепман и Керен Крег, како и креативниот директор на Келвин Клајн, Итало Зучели,  официјално се членови на бордот од модниот совет на Американски дизајнери. Со нивното  вклучување сега советот брои вкупно 26 членови на чело со претседателката Дијан вон Фустенберг, заменик претседателот Мајкл Корс и генералниот секретар Вера Ванг.

Покрај дизајнерите на Макреса дел од советот на Американски дизајнери се и: Оскар де ла Рента, Ешли Олсен, Марк Џејкобс, Ралф Лорен, Прабл Гурунг и други.

Претседателката Дијан вон Фустенберг Претседателката Дијан вон Фустенберг

 

Инаку, челниците и креативци на брендот  ја прикажаа својата пролет -лето колекција за 2015 на Лондонската модна недела, а со тоа ја прославија и десетгодишнината во модниот бизнис.

Објавено:
20 октомври 2014
Категорија: 
Актуел