Препознатливиот мантил на Барбери преточен во шише

21 октомври 2014

Со самиот факт што двете, моментално најактуелни девојки во светот – Кејт Мос и Кара Делевињ се заштитни лица на ова неверојатно дело, од самиот старт беше и повеќе од очигледно дека успехот ќе биде гарантиран!

Новиот парфем на модната куќа Барбери инспириран од нивниот иконски мантил за дожд, ја има досега најубавата цветна нота која што е сместена во мало шишенце богатство.

„Бидејќи My Burberry е првиот и единствен парфем што својата инспирација ја црпи директно од нашиот препознатлив мантил, мора да биде вистинско отелотверување на нашиот бренд – по мирис, по дизајн, по став“, изјави креативниот директор на брендот, Кристофер Бејли.

Тој посочи дека заедно со нивните општи планови за убавина, парфемот ќе има водечка улога во зголемување на приходот и препознавањето на брендот, додавајќи дека лансирањето на парфемот го одбележува следниот важен чекор во нивниот развој.

Парфемот, за кој брендот верува дека ќе биде нивниот заштитен знак, беше создаден од Францис Куркџиан, кој досега има работено на голем број парфеми на светски брендови.

Нотите што преовладуваат во истиот се комбинација на неодолив сладок грашак и бергам, разблажени со геранија, дуња и фрезија.

Она што е особено неодоливо е шишенцето во кое е спакуван парфемот, кое е навидум сосема едноставно, со капаче во вид на копчињата на нивното добро познато Барбери мантилче.

Лансирањето ќе биде дополнето со колекција  облека и аксесоари во согласност со стратегијата за Burberry Brit парфемите лансирани претходната година.

Објавено:
21 октомври 2014
Категорија: 
Убавина