Наталија Водјанова го краси ноемврискиот Вог

21 октомври 2014

1-712x1000

Насловната страна на ноемвриското издание на Вог ќе мами погледи. Наталија Водјанова ја краси, а зад фотографиите се потпишува Ени Лебовиц. Фотосесијата е направена од Париската опера и балет, со новиот директор Бенџамин Милпид.

Водјанова се појавува во креации на Каролина Херера, Долче и Габана, Валентино, Дона Каран и Оскар де ла Рента. Освен оваа впечатлива фото сесија, во ноември во Вог може да се прочита и за парчињата од дизајнерското деби на  Елен Деџенерис, како и за враќањето на Хју Џекман на Бродвеј.

Во продолжение погледнете мал дел од фотографиите со прекрасната Водјанова.

Screen-shot-2014-10-20-at-3.50.01-PM1

Screen-shot-2014-10-20-at-3.51.33-PM

Објавено:
21 октомври 2014
Категорија: 
Актуел