Виктор и Ролф продадоа дел од колекцијата за висока мода пред да биде прикажана

3 јули 2013

Модните дизајнери Виктор и Ролф се познати по театралните и авангардни креации, па токму поради уникатноста на нивните дизајни, некој ја откупил речиси половината од колекцијата дури и пред таа да биде претставена на модните писти. Анонимен колекционер купил 10 од 20 аутфити кои Виктор Хорстинг и Ролф Снорен ќе ги прикажуваат денес во Париз.

Во врска со оваа колекција Ролф накратко изјавил – „Суштината на креативноста се крие токму во мистеријата на креирањето парчиња за висока мода.“

Објавено:
3 јули 2013
Категорија: 
Актуел