Внуката на Одри Хепберн, Ема Ферер стана моден зависник

24 октомври 2014

Внуката на Одри Хепберн, Ема Ферер израсна во анонимност. Меѓутоа  тоа се промени со нејзиниот деби настап за летниот едиторијал на списанието Harper's Bazaar. Сепак, Ема стои цврсто на ставот дека не сака манекенството да и биде примарна професија, туку само хоби, бидејќи во моментов е ангажирана со своите студии. Имено, Ферер изминатиов период беше редовен гостин во првите редови на неколку ревии, но сепак не ја видовме на писта.

Во својот деби едиторијал манекенката глуми за Yahoo Style, презентирајќи ги класичните пози на нејзината баба Одри Хепберн, меѓутоа со еден поинаков шарм кој тотално соодветствува со нејзината личност и сензибилитет.

Стилизирана во креации на Џил Сандер, Клое и Ланвин, Ема изработи повеќе од само моден едиторијал. Фотографските кадри наликуваат на вистински разгледници кои прават суптилен спој на модната виртуозност и архитектурата на градот.

„Мојот татко и мојата баба беа екстремно блиски, тие повеќе имаа однос на најдобри пријатели, отколку на мајка и син. Семејството беше исклучително важно за мојата баба. Таа целосно и комплетно им се посвети на своите деца, давајќи им ја цела љубов на светот. Татко ми во една прилика ми кажа дека баба ми се би дала само само да може да ја држи својата внука во раце, па макар и на момент“, открива Ема Ферер за медиумите.

На прашањето дали ја носи облеката на својата баба, Ема вели:

„Имам многу од нејзините кашмирни ролки, повеќето се со потпис на Ралф Лорен. Тие се навистина квалитетни и топли и се чувствувам пријатно кога ги носам. Имам и неколку марами, едно црно-бело здолниште и едно мало бело меко мече кое ми стои на креветот.“

Во продолжение погледнете ја галеријата со фотографии:

Објавено:
24 октомври 2014
Категорија: 
Сцена